Париз е домаќин на Летните Олимписки игри во 2024 година, но организаторот донесе чудна одлука, една од дисциплините (сурфање) да се одржи во Јужниот Пацифик, поточно на Тахити, кој е оддалечен 15.700 километри од француската престолнина.

Потврдата за одлуката натпреварувањето да се одржи на оваа локација треба да ја даде ИОК.

Сурфањето како дисциплина ќе дебитира на ЛОИ во Токио следната година, а Тахити за организација доби предност пред југозападна Франција и Бретања.

Од Париз до Тахити летот трае 22 часа.