Од како синоќа се одиграа и последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа, познати се сите учесници во 1/16 финалето. Ждрепката ќе се одржи во понеделник во Нион, а има тука меѓу 32 клубови навистина гиганти, како Ајакс, Манчестер Ј, Интер, Арсенал, Рома, Порто, Бенфика… во секој случај ќе биде интересно.

Екипите се поделни во група на носители и неносители, на ждрепката не можат да се паднат екипи од сита земја и екипи кои играле во иста група.

 

НОСИТЕЛИ: Ајакс, Салцбург, Интер, Бенфика, Севиља, Малме, Базел, Ласк, Селтик, Арсенал, Порто, Еспањол, Гент, Башакшехир, Брага, Манчестер Ј.

 

НЕНОСИТЕЛИ: Леверкузен, Шахтјар, Олимпијакос, Клуб Бриж, Апоел, Копенхаген, Гетафе, Спортинг Л, Клуж, Ајнтрахт, Ренџерс, Лудогорец, Волфсбург, Рома, Вулверхемптон, АЗ Алкмар.