Енис Барди е херојот на Леванте, кој во 90. минута донесе радост за својот тим во дуелот со Гранада. Беше 1:1, а потоа Барди со „бомба“ донесе победа за тимот од Валенсија, за искачување кон средината на табелата.

Барди во изјава за „Марка“ вели дека верувал до крај дека ќе направи нешто на тој меч.

„Понекогаш чувствувам дека до крајот мора да направам нешто добро. Така беше и на овој натпревар. Не се откажував до крајот и останав фокусиран затоа што знаев дека ќе дојде некоја шанса. Со многу карактер дојдовме до целта. Секогаш е убаво кога ќе се победи. Не можам да го опишам чувството кога ќе се даде гол на крајот, а твојот тим ќе победи. Покажавме дека можеме да победиме секого“, рече македонскиот интернационалец.