Фудбалерите на Сампдорија славеа минимално со 1:0 во големото градско дерби против Џенова. Во меч во кој Џенова мораше да настапи без Горан Пандев, кој е суспендиран поради црвениот картон на средбата со Лече, гостите ја искористија шансата во финишот на мечот и преку Габиадини успеаја да ги освојат трите бода.

И за двата локални ривали ова беше исклучително значаен дуел во битката за опстанок. Сампдорија им се израдува на трите бода кои донесоа четврта сезонска победа и бекство од „црвената зона“. За Џенова следува тежок период, со оглед на тоа што останува претпоследна, сега дури 4 бода зад Самп кој побегна на 15. место.