Штипските „сини“ уште еднаш го искаажаа сиот свој квалитет. Имено Брегалница со 4:2 среде Велес во пријаталски натпревар го победија Борец. Стрелци на головите за гостите беа Мартин Стојанов, Миленковски, Рунтев и Георгиев, додека за домашните Трајков и Лазаревиќ. За разлика од домашните кои настапиле речиси во комплетен состав, „сините“ одиграле во комбиниран. Инаку на овој натпревар најмалку беше важен резултатот зошто беше од хуманитарен карактер. Средбата ја следеа деца болни од церебрална парализа кои се дружеа со фудбалерите од двете екипи, а добија и пригодни подароци.

Со овој натпревар и официјално Брегалница ја заврши 2019 година, следува пауза, односно зимски одмор.