Напаѓачот на Норвич, Теему Пуки, денеска беше стрелец на единствениот гол за својот тим на гостувањето кај Лестер со кој на „канаринците“ им обезбеди реми против моментно второпласираниот тим во Премиер лигата. По мечот стана јасно дека Пуки дуелот го одигра со скршен палец на ногата.

Повредата ја здобил кон крајот на првото полувреме, откако претходно во 26. минута им донесе радост на гостинските фанови на стадионот „Кинг Пауер“.

 

„Изгледа дека тој има скршеница на палецот, што секако ме загрижува“, рече по мечот менаџерот на Норвич, Даниел Фарке.