Жестоки реакции во Шпанија после мечот на „Аноета“ помеѓу Реал Сосиедад и Барселона кој заврши со 2:2. Сосиедад поведе со голот на Ојарзабал од пенал откако Пике повлече еден играч на домашниот тим. Меѓутоа Барса жестоко реагираше кога поради иста ситуација не беше досуден пенал за нив во последните секунди од натпреварот. Еден фудбалер на Сосиедад го собори Пике во својот шеснаесетник, а ни судијата Рохас не реагираше, а и од ВАР собата не реагираа.

„Мислам дека ситауцијата со Буксетс не е за пенал, додека фаулот врз Пике е пенал. Тоа е мое мислење, а знам дека тренерот на Сосиедад ќе го каже спротивното. А ситуациите беа идентични. Ако судијата веќе свирна пенал за Сосиедад, тогаш требаше и за нас. Ист момент…“, изјави тренерот Валверде.

Претседателот на Барса Хозеп Марија Бартомеу најави дека ќе поднесе официјален приговор со Шпанската фудбалска федерација поради начинот на кој бил употребен ВАР за време на натпреварот.