Дали Владимир Кличко планира сензационален кам-бек на рингот? Ова прашање цел ден си го поставуваат фановите на боксот, откако 43-годишниот, пензиониран украински боксер, на своите фанови на Твитер им даде задача да гласаат со кого би сакале да го видат во рингот.

Кличко постави анкета во која неговите следбеници на социјалната мрежа можеа да гласаат за Ентони Џошула (30) и Деонтеј Вајлдер (34) или Тајсон Фјури (31). Од она што може да се види во анкетата, најголемиот дел од гласовите беа за Фјури.

На 28 ноември 2015 година, по повеќе од девет години како светски шампион, Кличко сензационално загуби на поени од Тајсон Фјури. Немаше реванш бидејќи Фјури двапати го откажа поради наводна повреда. Кличко наместо тоа се судри со Џошуа и повторно загуби со технички нокаут во 11. рунда.

Враќањето во рингот за Украинецот дефинитивно би било финансиски вредно. Се шпекулира дека интернет провајдерот DAZN е биде подготвен да плати и до 80 милиони евра за враќање на Украинецот во битката за шампионскиот појас во тешка категорија.