Ракометарите на Веспрем со победа од 26:23 на гостувањето против ППД Загреб го потврди првото место во групата „Б“ во рамките на регуларниот дел од сезоната во регионалната СЕХА Гаспром лига. По вчерашниот неочекуван пораз во Шабац од Металопластика, каде настапија практично со вториот тим, Унгарците денеска одиграа вистинско дерби со хрватскиот првак и успеаја да дојдат до осмата победа во десеттиот меч сезонава.

За ППД Загреб ова беше третиот пораз и на коло пред крајот за нив останува низ директна пресметка со Мешков Брест во последното коло да решат кој ќе заврши како втор, а кој како трет во групата.

Денеска во редовите на унгарскиот првак најефикасени беа Омар и Борозан со по 5 гола, додека нашиот репрезентативец Манасков постигна само 3 гола, од кој првиот дури во 53. минута од мечот. Претходно нашето крило имаше реализација 0/4.