Македонскиот кошаркарски интернационалец во дресот на шпански Хувентуд, Ненад Димитријевиќ, постигна 5 поени во поразот на неговиот тим во денешниот дуел со Манреса во рамките на 13. коло во шпанската Лига Ендеса. Хувентуд имаше шанса за победа, но не успеа да ја задржи предноста во последните секунди на мечот, по што гостите се изборија за продолжение во кое победија со 104:106.

Димитријевиќ денеска доби мала минутажа, нешто над 20 минути, во кои успеа да реализира само 5 поени. Еднаш погоди за два (1/7) и еднаш за три поени (1/3).

За Хувентуд ова беше шестиот сезонски пораз.