Хабиб Нурмагомедов го критикуваше Дејна Вајт за неговата изјава дадена вчера дека во 2020 година ќе има возвратен дуел меѓу Хабиб и Конор МекГрегор.

Претседателот на УФЦ изработил план за наредните дуели на МекГрегор, кој на крајот завршува со реванш со шампион во лесна категорија. Но, Хабиб поита да ги уништи сите разговори за втора борба со „Озлогласениот“.

Русинот го нарече возвратниот натпревар на МекГрегор „ситна лага“ и дополни: „Јас одлучувам со кого се борам“.

Се чини дека Русинот нема намера вос коро време повторно да се соочи со МекГрегор, кој ќе се врати во октагонот на 18 јануари, кога ќе се соочи со Демон Чероне во борба од УФЦ 246.