Џејмс Харден го предводеше Хјустон во победата над Орландо (130:107) со фантастични 54 поени, што е втор меч во низа за него со +50 поени. За 36 минути минати на теренот, тој додаде и пет скока, седум асистенции, имаше две украдени топки и една блоката и беше играч со најдобар учинок на мечот.

Петти пат сезона Харден има постигнато повеќе од 50 поени на натпревар, а на овој меч постигна и десет тројки (10/15 за три) и стана првиот во историјата на кој му успеало тоа. Претходно против Кливленд имаше 10/18 за три поени.

Тој стана и првиот кошаркар по Стеф Кари кој успејал да „врзе“ два натпревари и да постигне десет или повеќе тројки. На Кари тоа му успеја во 2016 година.

Лејкерси, пак, продолжуваат да доминираат на Западот, со шестата победа во серија, против Мајами, 113:110 со која имаат учинок од 23:3.

Мајами имаше подобро отворање и прво полувреме, но и покрај предноста од 14 поени (58:44), Лејкерси се вратија и до средината на третиот дел веќе имаа двоцифрена предност, 77:67.

Ентони Дејвис беше најефикасен во тимот со 33 поени, 10 скокови и три блокади, учинок со кој по 16 пат во последниве 17 натпревари е најдобар во својот тим. Леброн, пак постигна 28 поени, девет скока и 12 асистенции.

Кавај Леонард и Пол Џорџ беа фантастични во победата на Клиперс на гостувањето во Минесота. Леонард постигна 42 поени со 11 скокови, додека Џорџ имаше 46 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Мајами – Л.А. Лејкерс          110:113

Орландо – Хјустон     107:130

Филаделфија – Њу Орлеанс            116:109

Атланта – Индијана  100:110

Чикаго – Шарлот       73:83

Мемфис – Милвоки  114:127

Минесота – Л.А. Клиперс     117:124

Сакраменто – Њујорк            101:103