Марио Манџукиќ одбројува до разделбата до Јувентус, открива Sky Sports. Хрватскиот фудбалер кој ги минува најтешките денови во својата кариера веќе има четири понуди на неговата адреса.

За услугите на Манџукиќ заинтересирани се тимови од Кина и Катар, но во моментов најдобра дестинација за хрватскиот фудбалер е Манчестер Јунајтед. Иако англискиот тим имаше два неуспешни обиди да го донесе, сепак приказната не е завршена, тврди „Sky Sports“.

Во игра влезе и Милан на кого дефинитивно му е потребен напаѓач. Доколку еден од двата трансфери завршат неуспешно, Кина или МЛС-лигата не му бега на Манџукиќ.