Во меч со две сосема поинакви лица, фудбалерите на Рома успеаја да го победат СПАЛ со 3:1 и да останат во ТОП 4 на табелата во италијанската Серија А. И покрај тоа што во првиот дел имаа неколку изгледни шанси за гол, домаќините направија пенал во финишот на полувремето, кој гостите преку Петања го претворија во водство од 1:0 со кое заминаа на пауза.

 

Рома се врати во живот во второто полувреме, откако Пелегрини по асистенција на Коларов по само 7 минути игра успеа да израмни. Во 66. минута следуваше и пенал за домашните, кој Пероти го претвори во водство за пресврт од 2:1, а победата беше запечатена во 83. минута со голот на Мхитарјан.