Не беше омилен кај Унаи Емери, а очигледно брзо ќе ја загуби и подадената рака на Фредерик Љунберг. Екс-германскиот репрезентативец Месут Озил денеска буквално збесна откако беше заменет во 59. минута на натпреварот со Манчестер Сити и почна да шутира предмети кои беа крај теренот.

Оваа негова реакција и играта на Арсенал наиде на свирежи кај домашната публика, кој во огромен број и предвреме го напушти стадионот. Арсенал денеска дома загуби од Сити со убедливи 3:0, со три гола примени во првото полувреме.