Спортинг (Л) на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе се сретне со турски Истанбул Башакшехир во 1/16-финалето на Лигата на Европа. Првиот меч Портуалците ќе го одиграат дома, додека реваншот ќе биде на гости во Истанбул.

Меѓу поатрактивните двојки од оваа фаза во второто по ранг европско натпреварување, е и дуелот меѓу Бриж и Манчестер Јунајтед, но и дуелите на два тима кои испаднаа од Лигата на шампионите, Шахтјор и Бенфика.

Интер, пак, ќе патува на првиот дуел во Бугарија прпотив Лудогорец, додека Рома ќе биде домаќин на првиот меч со белгиски Гент.

Интересно ќе биде и на дуелот меѓу Олимпијакос и Арсенал, како и на пресметката во Леверкузен каде на првиот дуел од оваа фаза гостува Порто.

Првите натпревари од оваа фаза се закажани за 20 февруари, додека реваншите ќе се одиграат на 27 февруари. Ждрепката за осминафиналето е закажана за 28 февруари.