Мега-пресметката меѓу Реал (М) и Манчестер Сити ја одбележа денешната ждрепка за осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА. Шпанскиот гигант кој освои три титули во послендите 4 изданија на турнирот ќе биде домаќин на првиот дуел со англискиот шампион, додека реваншот ќе се игра на „Етинад“.

Актуелниот европски шампион Ливерпул во осминафиналето ќе се сретне со Атлетико (М), додека Наполи на нашиот елиф Елмас, ќе има мега-пресметка со екипата на Барселона. Интересно ќе биде и на дуелот меѓу екипите на Борусија (Д) и ПСЖ.

Првите натпревари од оваа фаза се закажани за 18, 19, 25 и 26 февруари, а реваншите на 10, 11, 17 и 18 март. Сите натпревари ќе започнат во 21:00 часот. Ждрепката за четвртфиналето, полуфиналето и финалето е закажана за 20 март.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ОСМИНАФИНАЛЕ:

Борусија (Д) – ПСЖ

Реал (М) – Манчестер Сити

Аталанта – Валенсија

Атлетико (М) – Ливерпул

Челзи – Баерн (М)

Лион – Јувентус

Тотенхем – Лајпциг

Наполи – Барселона