На „Сардења арена“ во Каљари вечерва ќе се соочат Каљари и Лацио со што е биде затворено 16. коло на италијанскиот шампионат. Ова ќе биде интересен дуел од неколку апсекти: Каљари е најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната. Добро му оди и се наоѓа на петтата позиција на табелата што е огромен успех со оглед на тоа што минатите сезони постојано беше во долниот дел на табелата. Лацио засега е трети што исто така е одличен ефект на римскиот клуб.

СЕРИЈА А – 16.коло

КАЉАРИ – ЛАЦИО
понеделник 20.45 ч.

ПРЕДЛОЗИ
TГГ ГГ3+             1,73
КМБ Х2&ГГ       1,85
* квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Лацио се наоѓа во серија од седум победи во националниот шампионат, а во последните десет кола постигнал најмалку по два гола. Римјаните на седумте претходни натпревари играа нерешено на полувреме, а славеле на крајот.

Натпреварите на Каљари се ефикасни. На последните четири имаше 4+ голови… И покрај тоа што е хендикепиран (повредени Бирса, Крањо, Олсен, Паволети, Рог…), сепак, Каљари игра храбро, ефикасно и освојува бодови.

А што да се игра денеска. Веројатно ГГ би било реално или голови во двете полувремиња.