Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти веднаш по отказот од Наполи си најде нова работа. Тој постигна договор со раководството на англискиот премиерлигаш Евертон и ќе го наследи Марко Силва кој беше отпуштен поради слабите резултати сезонава.

Според информациите на угледниот „Скај спортс“ Евертон ќе го именува Анчелоти за нов стратег во среда, пред четвртфиналниот меч од Лига купот против Лестер.

Претходно Анчелоти ја освои Премиер лигата и ФА Купот со Челси каде работеше од 2009 до 2011 година, а во текот на кариерата три пати ја освојуваше Лигата на шампионите.