Црвена Звезда не се шегува. Одлучено е во наредните две години да се изгради или реконструира стадионот Маракана во Белград. Капацитетот ќе биде 42.000 гледачи, и ќе биде ултрамодерен, вселенски, како што пишуваат медиумите на Балканот. Целиот проект ќе изнесува околу 200 милиони евра и ќе биде најубавиот, најмодерниот стадион во овој дел од Европа.