Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски со пораз ја почна својата авантура во дресот на По Ортез. Во дебито, францускиот тим беше поразен на гостувањето кај Вехта со 93-86 во рамките на деветото коло во Лигата на шампионите.

По Ортез ја доби првата четвртина со 19-21, а потоа на сцена настапи домашниот тим. На полувремето обезбеди позитива 50-47. По новите добри минути во третиот период се чинеше дека ќе има лесна задача, но гостите се вратија намалија на 86-84 на нецели три минути до крајот, но немаа сили за целосен прсврт.

Стојановски се најде во стартната петорка на По Ортез, во првиот меч постигна пет поени (0-4 за три, 1/4 за два, 3/4 за еден поен), четири скока и една асистенција за нецели 28. минути во игра.

За францускиот тим ова беше седми пораз, со две победи се наоѓа на последното место на табелата во групата Б.