Разочараноста се надминува само со купување на скапи играчки. Веројатно тоа го мисли и Кристијано Роналдо. Тој откако не ја доби Златната топка, стана рекордер, но не во фудбалска смисла. Имено Роналдо деновиве си купил апартман во Лисабон во вредност од 7 милиони евра. Тоа е убедливо најскапиот апартман во Португалија. И затоа е рекордер. Досега во историјата на таа земја никој не дал толку пари за стан или апартман. Му се може…

Апартманот е со големина од 400 метри квадратни, и се е во луксуз. Има базен на покривот од зградата, три спални, теретана и се што му треба на еден фудбалер од класата на Роналдо.