Враќањето на Пол Погба во составот на Манчестер Јунајтед е одложено откако тој ги пропушти последните два тренинга поради болест.

Фудбалерот од средниот ред се очекуваше да се врати на тренинзите оваа недела, откако се опорави од повредата на глуждот што го остави надвор од терените уште од септември.

Погба присуствуваше на свадбата на неговиот брат во Франција во петокот, но се врати со влошена здраствена ситуација. Неговите симптоми се влошиле во неделата.

„Тој е болен и нема шанси да игра. Веќе два дена не е со нас, но и тоа не даде резултат“, изјавил Солскјер.