Мало затишје во пресрет на стартот на зимскиот преоден рок и во Силекс, како и во сите останати наши клубови. Тимот кој имаше одлична есенската полусезона која ја заврши на делба на третото место, сега е на одмор.

Но нема одмор за стратегот Горан Симов, кој за СПОРТМЕДИА истакна…

„Да, имаме намера да го засилиме тимот со неколку имиња, но не брзаме. Од друга страна од Силекс си заминаа, односно си ги подигнаа документите Стефан Коцев и Ардијан Чаволи, тие и дефинитивно веќе не се наши играчи. Пред заминување е и Дарко Додев. Него му истече договорот, ние преговаравме за негово останување, но тој наверојатно заминува во Брегалница, такви се моите информации“ ни изјави Симов.