Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски беше стартер за Ним во дуелот со Сент Етјен во осминафиналето на францускиот куп. „Зелените“ водеа со 2:0, а Стојановски со погодокот во 67 минута само го намали резултатот.

За Стојановски ова е втор гол за Ним и втор во Лига купот на Франција. Претходно стрелаше прецизно против Ленс.