По повредата на Мортен Олсен кој најверојатно ја заврши сезоната во екипата на Хановер, германскиот бундеслигаш веќе е во потрага по негова замена. Според денешните вести од Германија, моментно третопласираниот состав во Бундеслигата веќе има две имиња како можни замени за 35-годишниот Данец.

Првиот избор на Хановер е Словенецот Миха Зарабец кој е под договор со Кил до 2021 година, а втор на листата на посакувани е неговиот сонародник Сташ Скубе (30), ракометар на нашиот и европскиот шампион Вардар.