Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски и неговите соиграчи од Лидс Јунајтед денеска донесоа насмевки при посетата на детската болница во Лидс и ги израдуваа нивните најмлади фанови со подароци во пресрет на божиќните и новогодишните празници.

„Ова е секогаш посебна посета за нас“ – напиша клубот на официјалниот Твитер профил, додека македонскиот репрезентативец порача „Секогаш има причина за насмевки!“