Далас на домашен терен беше совладан од Бостон со 109-103 во вториот меч без својата ѕвезда Лука Дончиќ. Словенецот се опоравува од повредата на скочниот зглоб со која се здоби на дуелот против Мајами.

Далас добро се држеше, имаше водство на полувремето, но Селтиски одиграа добра одбрана во третата четвртина во која противникот постигна само 18 поени. Во решавачките 12 минути, Маверикс имаа двоцифрена негатива, не најдоа начин да се вратат во мечот.

Кемба вокер со 32 поени го предводеше својот тим до 18 победа сезонава. Селтикси со скор од седум порази се на второто место во Источната конференција. Далас пак со скор од 18-9 е на четвртата позиција во Западната конференција.

Голден Стејт продолжува до тоне. Ворирос го запишаа петиот пораз во низа, вкупно 24-ти оваа сезона и се на последното место во Западот. Немаа решение против Портланд, кој славеше со 122-112.

Лилард со 31 поен и Мек Колум со 30 поени беа први имиња во редовите на домашниот состав, на другата страна Робинсон запиша 17 поени.

Резултати: Кливленд – Шарлот 100-98, Детроит – Торонто 99-112, Филаделфија – Мајами 104-108, Вашингтон – Чикаго 109-110 (прод.), Минесота – Њу Орлеанс 99-107, Оклахома – Мемфис 126-122, Денвер – Орландо 113-104, Далас – Бостон 103-109, Портланд – Голден Стејт 122-112.