Официјалниот сајт на ЕХФ Евро 2020 прави анализа на сите селекции учесници на ЕП, а секако во Македонија „фокусот“ е ставен на Кире Лазаров.

Три клучни прашања се вртат околу националниот тим на Македонија, пишува веб-страницата.

Дали Брестовац може да го доведе тимот до главната рунда?

„Додека некои се сомневаа во потегот Брестовац да биде поставен на чело на националниот тим, Македонија победи на три од четирите последни мечеви во квалификациите, меѓу кои и против Исланд на гости. Според Брестовац, Македонија може да се најде во главната рунда“, пишува ЕХФ.

Колку Лазаров може да му помогне на тимот? 

„Првото име кое ни доаѓа на ум кога зборуваме за Македонија, е Кире Лазаров. Има одиграно преку 200 мечеви, повеќе од две децении е со селекцијата. Ги држи сите рекорди“.

Дали младите ќе го искористат својот потенцијал?

„Брестовац додаде неколку нови имиња во националниот тим од кои се формира репрезентацијата веќе некое време. Тој верува дека младите може да го искористат потенцијалот и да станат големи играчи само преку вакви големи натпревари“.