Најмалку 46 луѓе се повредени во судирот меѓу илјада каталонски демонстранти и полицијата по завршување на „Ел Класико“ кое заврши без победник и без погодоци.

Протестот почна во среда околу 16 часот, се собраа околу 5.000 луѓе кои бараат независнот за Каталонија и ослободување на приведените политичари.

Фотографиите кои доаѓат од Барселона се застрашувачки, демонстрантите ја надпанаа полицијата, го палеа ѓубрето…Како што пишуваат шпанските медиуми, полицијата морала да употреби сила, вклучувајќи и посебни куршуми.

ФОТО: АП