Досегашниот тренер на Црвена Звезда си замина од кормилото на белградскиот клуб. Владан Милојевиќ сега ќе бира меѓу селекторска позиција или тренерско место.

Според последните информации, Милојевиќ уште пред неколку месеци имал понуда од АПОЕЛ, но се решил да ја одбие, а потоа во кипарскиот тим замина Томас Дол.

Меѓутоа сега федерацијата на Кипар го сака на селекторската позиција на оваа земја. Милојевиќ добро го познава грчкиот јазик, и тоа му беше силен адут.

Тој денеска напомена дека би дал оставка и доколку Црвена Звезда продолжеше понатаму во Европа, односно во Лигата на Европа.

За него има интерес и од неколку грчки клубови, како и од Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ.