Сериозен скандал го тресе косовскиот фудбал, а во фокусот е натпреварот помеѓу Трепча и Фуше од 17. коло во Првата лига (втора по ранг). Косовскиот портал „ Kallxo.com“ пренесува дека обвинителството покренало истрага за нерегуларности на натпреварот. Поточно тренерот на овој клуб, потпретседателот, секретарот и еден делегат на ФФ на Косово се погрижиле натпреварот да заврши по своја желба. А зошто? Поради финансиски бенефит.

Во детална истрага е откриено дека братот на тренерот кој живее во Белгија се обложил на исходот на мечот (два во еден) и притоа добил преку 10,167.00 евра. Првиот дел завршил со 0:1 за Фуше, а во вториот дел Трепча го свртела резултатот на 2:1.

Се истражуваат и други инволвирани личности во овој меч и се проверува дали има и други сомнителни натпревари.