Ерлинг Халанд и дефинитивно ќе биде еден од „хитовите“ на јануарскиот преоден рок кога станува збор за трансферите во голем клуб.

Така покрај Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд, сега во неговата трка ќе се вклучи и италијански Милан. Халанд веќе беше во Дортмунд на преговори, а сега се шпекулира дека веќе разговарал и со Манчестер, па на ред е Милан, по што ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Халанд оваа сезона го сврте вниманието кон себе со многуте голови кои ги постигна во дресот на Салцбург, а добрите партии ги круниса и во Лигата на шампионите, каде што беше стрелец на првите пет меча од групата.