Микел Артета е новиот менаџер на Арсенал. Поранешниот играч на „топчиите“ се врати на „Емирати“ но сега во улога на тренер што е прва негова самостојна тренерска кариера, а досега му беше помошник на Пеп Гвардиола. Арсенал бележи лоши резултати, го отпушти Унаи Емери, а не се подобри ни со Фреди Љунгберг на клупата. „Топчиите“ се дури 10-ти на табелата во Премиер лигата, седум помалку од четвртопласираниот Челси.

Ја разбирам загриженоста на навивачите. Ќе се обидам да ги убедам во спротивното. Јас сум спремен за предизвикот. Да не бев немаше да прифатам. Ќе ја дадам и последната капка крв за да го кренам клубот на повисоко ниво. Знам што ме чека, го знам нивото на тимот и знам колку може. А може многу, верувајте!“, изјави Артета.

Она што не сакам да видам е луѓе кои се кријат. Сакам сите да бидат одговорни за својата работа. Сакам посветени и луѓе со позитивна енергија. Она што го научив од Гвардиола е дека мораш да бидеш суров и упорен и секојдневно да се посветиш на работата за да воспоставиш победнички менталитет. А кога ќе се достигне тоа, уште потешко е да се задржи. Секој чекор е важен. Затоа треба внимателно да се направи“, додаде Шпанецот.