Македонија со Б тим ги стартува подготовките за учество на Европското првенство во јануари 2020, а како и во претходните акции, така и сега селекторот Данило Брестовац им дава и тоа каква шанса и простор на младите ракометари да докажат дека можат да влезат во „големото друштво“.

Четирите пријателски натпревари кои ги очекуваат следната седмица се генералната проба за нив која може да им донесе место во авионот за Виена или да ги остави во Скопје.

Епа момци, бујрум шанса…