Вчерва во салата „Автокоманда“ избраниците на селекторот на нашата машка сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, и официјално ги започнаа тренинзите и подготовките за настап на Европското првенство 2020. Попладнево во хотелот „Александар Палас“ беше првиот собир, по што ракометарите во вечерните часови почнаа и со конкретни тренинзи кои и во наредните денови ќе се реализират во салата „Автокоманда“. Овие помлади сили на нашиот национален тим се подготвуваат за двомечот со Кувајт и настапот на „Трофеј Карпати“ кои се на програмата следната седмица.