Напаѓачот на Динамо Киев и на украинската репрезентација Артјом Беседин не го поминал допинг-тестот по натпреварот со Малме во Лигата на Европа. Според украинските медиуми, 23-годишниот играч е суспендиран од која било фудбалска активност во период од 30 дена.

Деталите за случајот се уште не се познати. Украинските новинари пишуваат дека истрагата за случајот штотуку започнала.

Беседин е фудбалер на Динамо уште од 2013 година, а во 2015 година играше и за Металист како позајмен играч. Од 2016 година, тој е дел и од украинскиот национален тим.

Оваа сезона, напаѓачот учествуваше на 13 натпревари од украинската Премиер лига, во кои постигна 8 гола.