Сега веќе поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино, за време на престојот во Катар на терен за голф ги покажа своите фудбалски квалитети. 47-годишниот Аргентинец изведе спектакуларен удар, шутирајќи ја топката од огромна далечина до една од дупките поставени на голф-теренот.

Почетино замина во Катар да присуствува на клупските натпревари од светскиот шампионат на ФИФА, а во меѓувреме има простор и за вакви егзибиции.