Организаторите на дуелот помеѓу Ница и Тулуз во рамките на француското првенство се соочија со несекојдневен проблем. Имено вечерва на овој меч ВАР системот не беше во употреба затоа што глувци ги изеле каблите, пренесуваат француските медиуми.

Ница победи со 3:0 но немаше и потреба за помош од ВАР затоа судијата имаше контрола на мечот. Наредниот меч на „Алијанц ривиера“ се игра на 25 јануари, а до тогаш има време за да се заменат оштетените кабли.