Реал Сосиедад го победи Бесерил во меч од купот на Шпанија со високи 8:0, но за да ги утешат по поразот направија несекојдневен потег.

Имено, упрата на клубот од Баскија, го покани целиот стручен штаб на нисколигашот, заедно со играчите, па дури и сите 754 жители на селото од каде доаѓа клубот, да бидат нивни гости во Сан Себастијан на еден меч на клубот во Ла Лига, по нивен избор! Реал Сосиедад на сите гости ќе им го плати патот, картите, како и вечера по мечот.

„Ние сме воодушевени од оваа понуда“, рече Редондо, претседател на Бесерил, клуб од селото со исто име, кое е оддалечено на тричаса возење од Сан Себастијан.