Ако Килијан Мбапе ја воодушеви спортската јавност со гестот на вчерашниот меч меѓу ПСЖ и Амиен, кога без никаков проблем го прифати и притоа го заштити од обезбедувањето момчето кое истрча на теренот за да добие негов автограм, следи ново изненадување.

За 21-годишниот Французин не претставуваше потешкотија да се облече како Дедо Мраз и да им подели подароци на децата кои беа гости на овој натпревар.