За голманот на Шалке Александeр Нибел, веќе некое време се пишува дека ќе заврши во Баерн Минхен. Денеска германските медиуми објавија дека 23-годишниот чувар на мрежата веќе се договорил со „Баварците“ од следната сезона да дојде како конкуренција на Мануел Нојер.

Јасно е дека Нојер не е во формата како пред 5-6 години, а исто така веќе има 33 години, па Баерн уште од сега размислува на негова замена. Планот е Нибел да дојде во Баерн, да се прилагоди, и за две години да биде стандарден меѓу диреците.

Најверојатно Нибел се договорил на соработка со „Баварците“ до 2025 година.

Со тоа ќе тргне по стапките на Нојер кој од Шалке отиде во Баерн, и стана легенда на оваа екипа со која освои седум титули во Бундеслигата, и еднаш Лигата на шампионите.