Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски беше стрелец на вториот гол за екипата на Хапоел Тел Авив во денешниот меч од 1/16-финалето на Израелскиот куп, кој неговиот тим го доби со 2:0 против екипата на Хапоел Катамон.

Мечот по 90 минути немаше победник (0-0), па мораше да се играат дополнителни 2 х 15 минути за да се добие патникот во следната фаза. Во продолжението домашните, сепак, ја покажаа својата класа и со два гола дојдоа до победа за место во следното коло од купот. Спировски го постигна вториот гол за Хапоел ТА со кој ја потврди победата.