Иако ја освои Лигата на шампионите на УЕФА, Ливерпул не е клубот со најголема заработувачка од ТВ-правта наменети за ова најсилно клупско натпреварување. Според финансискиот извештај за одвоените средства за клубовите учесници во ова натпреварување, Ливерпул од ЛШ минатата сезона заработил 111,1 милион евра, но не успеа да ја победи Барселона, која доби 6,5 милиони повеќе.

Причина за ваквата редистрибуција на средства е тоа што тимот на Ернесто Валверде е повисоко рангиран според коефициентот на УЕФА пред поетокот на минатогодишната сеозна од ЛШ. Оттука, комплетната сума од тв-правата која се слеа во касата на Каталонците е 117,7 милиони евра.