Дени Илиев, нашиот репрезентативен голман, денеска потпиша нов договор со гигантот Арсенал. Новиот договор е со важност до 2022 година.

Само за СПОРТМЕДИА Илиев по повод новиот договор изјави…

„Денека го продолжив договорот со Арсенал  на уште две години и сега сум со верност со клубот од Лондон до 2022 година. Многу сум среќен и секако задоволен што вака се одвиваат работите за мене. Имав одлична полусезона во Серед  и добив огромна минутажа и тоа во Арсенал будно го следеа. Она што е важно во овој момент за мене е повторно да заминам некаде на позајмица каде што ќе имам минутажа а новиот мој клуб ќе се знае деновиве“.