Феноменален пресврт направи Торонто во дуелот со Далас. Кога во третата четвртина „Мавси“ имаа +30, никој не веруваше дека Торонто ќе дојде до петтиот триумф по ред во НБА. Дури и салата почна да се празни, но потоа работите во свои раце ги превзеде Лoури кој постигна неверојатни пет тројки. Разликата полека се топеше, а на крајот повторно Далас дојде до предност. Но во претпоследниот напад Торонто повторно реализираше, а Далас не, па така се случи она кое се гледаше невозможно во последната четвртина.

Последниот период Репторси го добија со дури 47:21, иако во еден момент беше 41:14. На крајот 110:107 триумф за Торонто кој ја доби само првата четвртина, а другите две ги губеше катастрофално (22:34 и 21:35).

Лoури постигна 32 поени. Брунсон кај Далас реализираше 21 поен, исто како и Бушер од Торонто.