Српските медиуми денеска на големо пишуваат дека Дејан Станковиќ, новиот стратег на Црвена Звезда во тимот ќе донесе неколку звучни засилувања.

Меѓу нив е Марио Балотели. Италијанскиот напаѓач кој го носи дресот на Бреша, со Станковиќ играа заедно во Интер во 2010 година. Тој на лето ќе биде слободен играч и ќе нема никакви проблеми при евентуален трансфер.

Балотели заработува 900.000 евра годишно, оваа сезона има 12 настапи во дресот на Бреша и четири погодоци. Претходно беше член на Марсеј, Ница, Ливерпул, Милан, Манч Сити, Интер.