ФОТО – PIXSELL

Некогашниот славен хрватски фудбалер Игор Тудор е именуван за нов тренер на Хајдук. Тој всушност се враќа во клубот од Сплит после пет години (2013 и 2015), а под чие водство „билите“ го освоија и последниот трофеј – во Купот во 2013.

Тој доаѓа на местото на Дамир Буриќ кој заминува после пет месеци. Тудор се врати со голем ентузијазам да го врати клубот на врвот.

„Од почетокот на јануари Игор Тудор ќе биде тренер на првиот тим на Хајдук. Целата пирамида настојуваме да ја наредиме плански, ќе се вратат некои млади играчи во првиот тим, а Игор е дел од таа приказна и верувам дека ќе биде долгорочно решение. Апсолутно е неточно дека се разделивме поради несогласувања“, изјави претседателот на клубот Марин Брбиќ.

Не знам дали сум 20% или 30% подобар. На психолошки план многу напредував. Нормално е да се напредува секој ден. Мурињо дојде во Тотенхем, па промени некои работи. Сигурно дека сум подобар од претходно. Хајдук мора да биде првак, така стојат работите во овој град. Не го познавам тимот доволно но има време ќе го запознаам. Погледнав неколку натпревари пред да ја почнеме оваа приказна, колку-толку да ги запознаам играчите.

Мал проблем е што подготовките се кратки па мора сериозно да се работи. Единствената задача е да го направиме Хајдук подобар. А некои работи за важни во фудбалските клубови: финансиската состојба, буџетот и струката. Мислам дека ситуацијата во Хајдук е многу потешка во споредба со првиот пат, не финансиски, туку во психолошка смисла. После неколку години без трофеј притисокот расте и постојано има искри.

Сега треба да се фатиме за работа. Ако не успееме да го кренем Хајдук сами ќе си заминеме. Татко ми ми се смееше кога му реков дека се враќам во Хајдук, мислеше дека го зафркавам. После ме праша дали сум сериозен?“, изјави Тудор.