Новиот менаџер на Евертон Карло Анчелоти раскажа за средба со навивачи на градскиот соперник Ливерпул. Двата клуба ќе се соочат во 3. коло на ФА Купот по Нова година, а Анчелоти ќе има шанса да го почувстува „Мерсисајд“ дербито.

Во градот сум неколку денови и веќе сретнав многу навивачи на Ливерпул. Мислам дека тие се плашат од мене. Воздивнуваат кога ќе ме видат на улица. Тоа е логично затоа што многу пати сум го победувал Ливерпул“, изјави Анчелоти, цитиран од „Мирор“.

Оваа сезона како тренер на Наполи Анчелоти се соочи со Ливерпул во групата на ЛШ и „небесно-сините“ го добија првиот меч, а вториот заврши нерешено. Претходно се соочувал со „Црвените“ како тренер на Челси и на Милан.