Продолжуваат шпекулациите околу трансферот на Кристијан Ериксен од Тотенхем. Јасно е дека Реал Мадрид, Барселона, па и некои други големи клубови се интересираат за играчот од средниот ред.

Реал Мадрид прв тргна со планот, односно да го продаде Иско на Челзи, кој е заинтересиран со 44 милиони евра да го донесе во Лондон, а со тие пари да го купи Ериксен.

На Данецот договорот со Тотенхем му истекува на крајот од сезонава, и сигурно дека Тотенхем ќе сака да заработи за него нешто, па од тука голема е веројатноста во јануари да си замине.